Фон дер Лајен и Борел од Буча: „Го видовме суровото лице на војската на Путин“

од Nikola Popovski
394 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го посети градот Буча кај Киев на северот на Украина, јавува Би-Би-Си.

Буча е град во кој беа откриени телата на убиените цивили по повлекувањето на руските војници. Русија негира дека убила цивили и ја обвини Украина за организирање на убиствата.

„Овде се случи незамисливото“, рече фон дер Лајен. „Го видовме суровото лице на армијата на Путин“, додаде таа.

Таа разговараше со градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук. Таа, исто така, им се придружи на голем број луѓе во палењето свеќи во црквата во близина на наводната масовна гробница во градот.

Потсетуваме, Урсула фон дер Лајен и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел денеска пристигнаа во Украина на средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев.

Слични содржини