260
Мотивот беше Ивица Дачиќ. Според мене, тој е најпаметен политичар во Србија и не можам да го одбијам. Тој ми е како син, вели адвокатот Тома Фила, кој се кандидираше за градоначалник на Белград на последните избори.
Фила вели дека е исто влијанието на разузнавачките служби во креирањето на политиките.
-На бази на тие извештаи ти ја креираш политиката. Тоа не е љубов меѓу мајка и син. Еден ден вака, друг ден поинаку. Разузнавачките служби се основ за една држава да опстане, појаснува Фила во емисијата „Трилинг“.
Според него, основен проблем во Србија е корупцијата и организираниот криминал.
Адвокатот освои 6,9% од гласовите на изборите што се одржаа во неделата.