ККС: Без заслужената плата нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца

од Маја Анчевска
554 прегледи

Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КСС.

-КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК, соопштува ККС.

Тие цврсто застануваат и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори, сооптуваат тие.

– Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со сериозен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца, велат од ККС.

Тие ги повикуаат и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работни:ци да се изборат за статусот кој го заслужуваат.

– Браќа и сестри, членови на СОНК, КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија. Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија.

Слични содржини