Челси планира разделба со тројца играчи на лето

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Челси планира да се раздели со најмалку тројца играчи ова лето. И покрај неизвесноста околу сопственоста на клубот, од „Стемфорд Бриџ“ веќе работат на трансферите. Затоа, „сините“ планираат да се разделат со неколку непотребни играчи, а од нивната продажба да соберат средства за привлекување нови регрути, пишува „Телеграф“. Тројцата за кои станува збор се Тимо Вернер, Кепа Арисабалага и Рос Баркли.

Вернер повторно не успеа да блесне оваа сезона под водство на Томас Тухел, кој сега е подготвен да се раздели со него. Германецот на 16 натпревари во Премиер лигата има само 3 гола и 1 асистенција, што е крајно незадоволително. Ова е причината поради која тренерот се повеќе се обложува на Каи Хаверц на офнзивните позиции.

Кепа, кој се уште е најскапиот голман на светот, така и не успеа да се докаже на „Стемфорд Бриџ“ и веќе е солидна резерва за Едуард Менди. Во исто време, Шпанецот добива огромна плата и лондончани сакаат да се ослободат од неа.

Баркли не успеа да се докаже и во Челси. Оваа сезона има само 12 натпревари во сите натпреварувања и само 5 во Премиер лигата. Така што неговата евентуална продажба може само да има корист за клубот.

Слични содржини