Таткото на загинатата Викторија: Згорозен сум од оваа држава и судство

од Берта Китинска
439 прегледи

Тригодишна затворска казна доби возачот Јордан Ѓоргиев кој во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.
Родителите на Викторија во изјава за медиумите кажаа дека се згрозени од пресудата .

„Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба има. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, рече таткото на покојната Викторија.

Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.

Слични содржини