198
Биткоинот денеска падна под 42.000 долари за прв пат од 23 март, поради зголемената загриженост за зголемување на референтната каматна стапка во САД.
Најголемата криптовалута во светот падна на 41.918 долари во денешното тргување во Азија, повлекувајќи се седми ден по ред во последните осум сесии, пренесува „Блумберг“.
На берзата во Хонг Конг со валутата се тргуваше за 41.998 долари во 17:22 часот по локално време, што е пад од 2,6 отсто на дневна основа.