Хрватска протера 18 руски дипломати

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Хрватска протера 18 руски дипломати и шестмина членови на административно-техничкиот персонал, соопшти денеска Министерството за надворешни и европски работи.

Според информациите, Хрватска и врачила нота на руската амбасада со која ја информирала Русија за намалување на бројот на дипломатски и административно-технички персонал во Загреб.

„Беше побарано 18 дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал (вкупно 24 вработени) во Амбасадата на Руската Федерација да ја напуштат Република Хрватска“, се вели во соопштението.

Слични содржини