172
Според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), С. Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%, соопштија од АППТ.
Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина.
Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%.
Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам, додаваат од Агенцијата.