Мицкоски за Зекири: Премиерот најмалку што требаше да направи е да се извини

од Берта Китинска
165 прегледи

Некредибилниот премиер најмалку што требаше да направи е да се извини, заедно со вистинскиот премиер кој што денеска си ги троши парите кои видовме како се стекнувале, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот „Пошти“ и поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири.

„Правда во Македонија нема, но наскоро од денеска веднаш по одржувањето на предвремените парламентарни избори ќе биде ослободено и обвинителството и судството кој што многу јасно ни покажаа како функционираат, министерот во средина, левата страна обвинителот, десната страна судијата, никој не го споменува судијата распрашајте се кој е судијата кој што седеше до министерот, и колкаво е неговото значење кога се носат одлуки кои ќе бидат обвинители и судии, треба јавноста и медиумите многу посериозно да се занимаваат со таа тема. Тоа е јасен приказ дека ние живееме во заробена држава, држава во која што немаме ниту слободно обвинителство, ниту слободно судство, затоа степенот на доверба ни е скромни 8 проценти, и затоа граѓаните не веруваат во правдата. Тоа го кажуваат сите оние кои што имале работа и со обвинители и со судии. Но набргу од денеска сето тоа ќе биде ослободено и ќе може правдата конечно во Македонија да дојде а со правдата и покомотно да живеат граѓаните и да имаат поголема доверба во тие институции“, нагласи Мицкоски.