Лавров: Русија нема да ја паузира воената операција во Украина поради преговорите

од Nikola Popovski
213 прегледи

Москва нема да ја прекине воената операција во Украина пред следната рунда мировни преговори, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Говорејќи во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на воените дејствија за време на првата рунда преговори меѓу руските и украинските преговарачи, пренесува Ројтерс.

„Од тогаш се смени ставот на Москва“, рече тој.

Лавров истакна дека не гледа причина да не ги продолжи разговорите со Украина, но инсистираше на тоа дека Москва нема да ја прекине воената операција кога двете страни повторно ќе се сретнат на преговори, пренесува Гардијан.

„Откако се уверивме дека Украинците не планираат да возвратат на ист начин, беше донесена одлука да не се прави пауза во текот на следните рунди преговори додека не се постигне конечен договор“, рече тој.

Минатата недела рускиот министер за надворешни работи го обвини Киев дека на Москва и презентирал неприфатлив нацрт-мировен договор, кој отстапува од договорот претходно договорен од двете страни. Киев ги отфрли коментарите како тактика за поткопување на Украина или одвлекување на вниманието од обвинувањата за воени злосторства против руските војници.

Лавров, исто така, во споменатото денешно интервју рече дека повиците на високиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, блокот да продолжи да го вооружува Киев, означуваат „многу сериозен пресврт“ во европската политика.

Слични содржини