365
Во полициската станица Карпош, вчера попладне 44-годишниот Ш.А. пријавил дека во дворот од неговата куќа, пред влезната врата, пронашол рачна бомба, соопшти полицијата.
Полициски службеници излегле на терен и бил извршен увид од нивна страна.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.