ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги прифати барањата на СОНК, наместо да се заканува на наставниците

од Берта Китинска
142 прегледи

Владата да ги прифати барањата на СОНК, наместо да се заканува на наставниците, и да го поддржи законот за нивелирање на плати предлог на ВМРО-ДПМНЕ.Владата и СДСМ вчера преку министерството за образование, Ковачевски со изјави и СДСМ со прес конференции се обидоа да го попречат правото на штрајк на наставниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека власта се обидува со закани да го угуши незадоволството на наставниците од ниските плати.

-ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека е потребно усогласување на платите во образованието со Колективниот договор, како и нивелирање согласно минималната плата. Со таа цел предложивме и законско решение, кое беше одбиено од страна на СДСМ и ДУИ.ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе дојде до оваа ситуација, но никој од власта не сакаше да реагира.Притисок врз наставниците не смее да има. Бидејќи тие си го бараат само тоа што законски им припаѓа. Пари за покачување има. Потребно е само функционерите да не крадат како Ден Дончев, Драги Рашковски, Мухамед Зекири, Филипче, Ковачевски и другите, посочуваат од опозицијата.