Актерот и член на Американската академија за филмски уметности и науки, Хари Леникс („Црна листа“, „Император“, „Човек од челик“) верува дека Вил Смит треба доброволно да ја врати својата статуетка „Оскар“, пишува „Varity“.
Смит ја доби својата прва престижна статуетка за улогата во „Кралот Ричард“. Сепак, неговиот триумф и церемонија останаа во сенка на инцидентот со комичарот Крис Рок. Причината беше неговата шега за сопругата на неговиот колега, Џејда Пинкет Смит, која боледува од алопеција (опаѓање на косата).
Според Леникс, Вил Смит е единствената личност која во моментов може да го врати доброто име на оваа филмска награда.
„Тој треба да ја сфати тежината на своите постапки. На 27 март, Вил Смит го удри Крис Рок во живо пред милиони луѓе за време на „Оскарите“, изјави Хари Леникс.
Актерот е на мислење дека ѕвездата од „Лошите момчиња“ треба што поскоро да ја врати наградата во филмската академија.
Дополнително, смета тој, требало да даде и јавна изјава во која ќе сподели дека „се смета себеси недостоен да ја добие наградата“.