Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска го поддржа Емануел Макрон во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Франција.
Според Ројтерс, поддршката на Саркози секако ќе му помогне на францускиот претседател да ги привлече гласачите кои ја поддржаа конзервативната Валери Пекрес во првиот круг од гласањето, но може да ги одврати левичарските гласачи.
„Ќе гласам за Емануел Макрон бидејќи мислам дека тој го има потребното искуство додека се соочуваме со длабока меѓународна криза, посложена од кога било“, напиша Саркози во објавата на социјалните мрежи.