ОРМ: Измените за предлог Закон за работни односи би придонеле да се зголеми бројот на работниците кои ќе останат без работа

од Берта Китинска
280 прегледи

За членките на Организацијата на работодавачи на Македонија неприфатливи се предлозите за измените за предлог Закон за измена на законот за работни односи кои ги предлага Министерството за труд и социјална политика.

-Во врска со предложениот закон за измена и дополнување на Законот за рабoтни односи објавен на сајтот на Собрание на второ читање, каде е предложено намалување на максималната горна граница за склучување договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци и намалување на крајниот рок за исплата на платите, односно наместо до 15 во месецот, платата да се исплаќа до 5 во тековниот за претходниот месец, ве известуваме дека за членките на Организацијата на работодавачи на Македонија ваквите предлози се неприфатливи.Ваквите предлози не се пример ни во земјите во регионот ни во Европа и истите максимално ја ограничуваат флексибилноста на пазарот на трудот и истите би придонеле да се зголеми бројот на работниците кои ќе останат без работа, велат од Организацијата на работодавачи на Македонија .

Оттаму сметаат дека измени и допонувања на Законите не смеат да се носат без дијалог на сите засегнати страни, имајќи ја предвид улогата на Економско социјалниот совет.

-Воедно би сакале да укажеме дека ОРМ не е повикана ни на расправите по предлог измените во ЗРО од страна на Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на Република Северна Македонија.За таа цел бараме предлог законот за измени во ЗРО да се врати на расправа на седница на Економско социјалниот совет, велат од ОРМ.

Слични содржини