192
„Изјавата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за намерата на ЕУ да го реши конфликтот во Украина со употреба на сила и да ја прошири воената помош за таа земја, ја претвора таа организација во агресивна машинерија на НАТО“, изјави Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа вели дека изјавата на Борел означува крај на одредена фаза од постоењето на ЕУ, истакнувајќи дека не е важно дали тој само ја напишал или подготвувал и заклучува дека изјавата е реална и има одредени последици.
„Значи, тоа ги преместува активностите на Европската унија и постоењето на оваа организација како целина во нешто сосема друго“, изјави Захарова за ТВ каналот „Русија 24“, пренесе агенцијата ТАСС.