316
Од 13 април, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет не треба да покажуваат дигитален ковид-сертфикат.
Ова го соопштила бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова со наредба издадена денеска.
Во наредбата, исто така, се наведува дека војниците на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти, како и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, прележана болест или негативен тест или слични документи, кои ги содржат истите податоци.