Ризвановиќ: Украина победи во првиот месец од војната, руската армија е осакатена

од Nikola Popovski
223 прегледи

Украина победи во првиот месец од војната. Русија имаше цел да го заземе Киев и целото црноморско крајбрежје. Тие го споија Крим со Донбас, но без Мариупол. Од Одеса се откажаа тотално, вели новинарот Сеад Ризвановиќ во емисијата „Само вистина“ околу ситуацијата во Украина.

Според него, Украинците успеале дури и да потонат еден руски брод од класата „алигатор“ што е според него, невидена поморска катастрофа за една земја.

-На северот не успеаа да ги остварат клучни цели, а тоа е да ги заобиколат Киев и Харков. Харков е на 70 километри од руската граница. Со ова тие изгубија меѓу 10 до 15 илјади војници. Тоа е невидена голема загуба. Тоа е повеќе од советската инвазија на Авганистан, која траеше 9 години. Руската армија е осакатена со нападот на Украина и илузорно е да зборуваме за тоа кој победил, рече Ризвановиќ.