Зеленски го зароби кумот на Путин (ФОТО)

од Nikola Popovski
330 прегледи

Новинар на „Економист“ на Твитер напиша дека претседателот на Украина, Владимир Зеленски, штотуку објавил дека тајните служби го фатиле најдобриот пријател на Путин во Украина, Виктор Медведчук.

„Беше во бегство“, напиша новинарот Оливер Керол.

Во следниот твит тој наведе дека Медведчук, кумот на децата на Путин, е многу контроверзна личност во Украина.

„Порошенко го искористи за да стигне до Путин. Зеленски го стави во домашен притвор“, напиша тој.

Зеленски на својот Фејсбук профил објави дека акцијата е успешно спроведена и дека повеќе детали ќе соопштат за подоцна.

Виктор Медведчук, кој е на чело на политичкиот совет на украинската партија Опозициска платформа – За живот, претходно беше ставен во домашен притвор. Во февруари 2022 година, според Министерството за внатрешни работи на Украина, Медведчук избегал од домашен притвор.

Да потсетиме, оваа превентивна мерка му е изречена на Медведчук за случај на велепредавство. Политичарот беше осомничен за тајни односи со Руската Федерација.