Во своето обраќање, американскиот претседател Џозеф Бајден, кој претходно индиректно ја оквалификуваше руската инвазија на Украина како геноцид, директно ја потврди оваа позиција и го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да го уништи украинскиот народ.
Говорејќи во Ајова, зборувајќи за мерките што неговата администрација ги презема за да го спречи зголемувањето на цените на горивото поради војната, Бајден директно го нарече конфликтот геноцид, во кој Русија наводно извршила злосторства врз украинските цивили, објави Ројтерс.
„Вашиот семеен буџет, способноста да се наполни резервоарот, ништо од тоа не требаше да зависи од тоа дали диктаторот ќе објави војна и ќе изврши геноцид на другата страна на светот“, рече Бајден во Ајова.
Белата куќа не одговорила веднаш на барањето да ја коментира оваа изјава на претседателот на САД, пренесува Ројтерс.