Растот на побарувачката ги поттикна цените на „зелената енергија“ за 30 отсто на светските берзи

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Цените на електричната енергија од соларните и ветерните фарми на водечките светски пазари скокнаа за речиси 30 отсто за една година, додека производителите се борат со хаосот во синџирите на снабдување и зголемените трошоци – од трошоци за делови до трошоци за работна сила, се вели во студијата на LevelTen Energy денес.

Договорните цени за обновливите извори на енергија (ОИЕ) се зголемија за 28,5 отсто во Северна Америка и 27,5 отсто во Европа минатата година, според кварталниот енергетски индекс LevelTen, кој го следи склучувањето на договорите за купување електрична енергија (PPA), пренесе Ројтерс.

Само во првиот квартал од оваа година, цените се зголемија за 9,7 отсто во Северна Америка и 8,6 отсто во Европа, соопшти LevelTen.

Слични содржини