Приврзаниците на англиски Челси и Манчестер Сити излегоа на масовна тепачка во центарот на Мадрид.
Двете групи се сретнаа откако вчера лондончани му гостуваа на Реал Мадрид, а денеска гостуваат „граѓаните“ на Атлетико Мадрид во четвртфиналните пресметки од Лигата на шампионите.
На споменатите натпревари во Шпанија пристигнаа над 8.000 навивачи на овие два тима.
Уште вчера од двете навивачки групи се степале кај Плаза Мајор, но интервенирала полицијата и со палки ги растерала агресивните навивачи.
12.04.2022, Chelsea🏴 and Man City🏴 fans clash at Plaza Mayor🇪🇸 today. Police intervened https://t.co/Fjy3xrlEmQ#ChelseaFC #ChelseaRealMadrid #RealMadrid #manchestercity #hooligans pic.twitter.com/Ymk72wOcST
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) April 12, 2022