Зеленски го одби Штајнмаер, но чека посета на Шолц

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Советникот на претседателот на Украина, Олексиј Арестович го оправда одбивањето на шефот на украинската држава да ја прими посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, велејќи дека Володимир Зеленски го очекува канцеларот Олаф Шолц.

Арестович, за јавниот сервис на германскиот АРД, побара разбирање за одбивањето на Зеленски да го прифати Штајнмаер.

Тој рече дека не ги знае точните причини, но дека политиката и одлуките на претседателот на Украина, Зеленски секогаш биле избалансирани.

„Нашиот претседател очекува германскиот канцелар Шолц да прими некој што носи одлуки, вклучително и за испорака на оружје“, објасни Арестович.