За ОРМ неприфатливи се предлозите за измененување на Закон за работни односи

од Берта Китинска
270 прегледи

За членките на Организацијата на работодавачи на Македонија неприфатливи се предлозите за измененување на Закон за работни односи, предложени од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

-Во врска со предложениот закон за измена и дополнување на Законот за рабoтни односи објавен на сајтот на Собранието на РСМ, на второ читање, каде е предложено намалување на максималната горна граница за склучување договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци и намалување на крајниот рок за исплата на платите, наместо до 15-ти во месецот, платата да се исплаќа до 5-ти во тековниот за претходниот месец, за членките на Организацијата на работодавачи на Македонија ваквите предлози се неприфатливи.Ваквите предлози не се пример ни во земјите во регионот ни во Европа и истите максимално ја ограничуваат флексибилноста на пазарот на трудот и истите би придонеле да се зголеми бројот на работниците кои ќе останат без работа и да се намали бројот на ново отворени работни места.Во склоп на преговорите за донесување на нов Закон за работните односи, ОРМ се согласи дека рокот од 5 години да се намали на 3 години, но предложениот рок од 6 месеци е сосема неприфатлив.Вработувањето на работници на определено време е дел од флексибилноста на работните односи и е присутно во сите земји на ЕУ, како поттик за отварање на нови работни места. велат од ОРМ.

Оттаму посочуваат дека договорите на определено работно време не се склучуваат само заради замена на отсутен работник или за зголемен обем на работа, туку и за вработување на работници кои работат на одредени проекти кои можат да траат две или три години.

-При секоја одлука за основање на компанија и почеток на некој бизнис, основачот си го поставува прашањето-Што ако не успеам?. Податоцоите покажуваат дека во првите три години згаснуваат 70% од ново основаните компании. Во СР Германија ново основаните компании имаат бројни привилегии и исклучоци во законите , се со цел да се одржат и да почнат да се развиваат. Обврската, која се предлага, после 6 месеци на сите вработени да им се издаде Договор на неопределено време само ќе ги одврати новите претприемачи од идејата за сопствен бизанис. При тоа треба да се има во предвид дека во нашиот ЗРО постапката на отказ од било какви причини е многу сложена и целиот товар на докажување паѓа на страна на работодавачот, а судиите нај често се солидарни со работникот.Како ќе се постапи со Пратениците во Собранието на РСМ, дали тие по 6 месеци ќе добијат Договори за вработување на неопределено време, иако однапред се знае дека работниот однос го засновале заради мандатот од 4 години?.Воедно би сакале да укажеме дека ОРМ не е повикана ни на расправите по предлог измените во ЗРО од страна на Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на Република Северна Македонија, вела то од ОРМ.

Слични содржини