Зеленски: Русија користи фосфорни бомби во Украина

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќање пред естонскиот парламент изјави дека Русија користи забранети фосфорни бомби во Украина и ја обвини Москва за тактика на тероризам против цивили.

Претседателот на Украина изјави дека Русија насилно депортира луѓе од Украина и ја повика Естонија да влијае врз ЕУ да ги казни таквите постапки, пренесе РИА Новости.

Зеленски нагласи дека е неопходно да се изнајдат инструменти за притисок врз Русија да престане со насилна депортација на Украинците и во таа смисла повика на продолжување на санкциите, додавајќи дека тие се единствениот начин да се принуди Русија да се согласи на мир.

Зеленски денеска и понуди на Русија да го размени поранешниот пратеник на партијата Опозициска платформа – За живот, Виктор Медведчук за Украинци кои беа заробени од руската армија.

Зеленски во видео обраќање рече дека Медведчук, кога го сметаат за сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, се криел 48 дена и дека бил фатен во обид да ја напушти Украина, пренесе Интерфакс Украина.