Ле Пен: Ако победам на изборите, Франција ќе го напушти НАТО

од Nikola Popovski
372 прегледи

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен вети дека доколку победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлантската алијанса.

Ле Пен нагласи дека нема да ги префрли француските војници во комбинираната команда на Алијансата, ниту, пак, ќе и биде на располагање на идната европска команда, пренесува РИА Новости.

Според неа, Франција нема да се потчини на американскиот протекторат.

Таа додаде дека ја поддржува идејата за приближување со Русија.

„Кога војната во Украина ќе заврши и ќе се воспостави мир, ќе се залагам за стратешко зближување меѓу НАТО и Русија. Тоа е во интерес и на Европа и на САД“, рече таа.

Таа исто така рече дека не сака Франција да ја напушти Европската унија и додаде дека ќе го почитува Парискиот договор за климатските промени, пренесе Ројтерс.

Првиот круг од претседателските избори во Франција се одржа на 10 април. Актуелниот претседател Емануел Макрон освои 27,84 отсто од гласовите, а Марин Ле Пен 23,15 отсто.

Слични содржини