224
Властите во британскиот самоуправен остров Џерси во Ла Манш денеска објавија дека ги замрзнуваат имотите поврзани со рускиот милијардер Роман Абрамович, проценет на повеќе од седум милијарди долари.
Правното одделение на Џерси, „даночен рај“ што привлекува големи количества странски капитал, рече дека цели на имот што е или во Џерси или е во сопственост на ентитети поврзани со Џерси.
Тамошната полиција претресувала места за кои постои сомневање дека се поврзани со деловните активности на Абрамовиќ.
Британската влада и Европската унија веќе воведоа санкции против Абрамович, сојузник на претседателот Владимир Путин.
Педесет и петгодишниот „тајкун“ одигра неофицијална улога во преговорите меѓу Украина и Русија.