Канада најави конфискација на имотот на Роман Абрамович

од Stefanija Kuzmanovska

Канадските власти најавија почеток на конфискација на имотот на компанијата „Гранит Капитал Холдингс“, која му припаѓа на Роман Абрамович, а вредноста на имотот е 26 милиони долари, соопшти министерството за надворешни работи на таа земја.

Нагласено е дека Канада за првпат ќе ја искористи постапката на конфискација на имотот на лицата кои се под санкции, а се планира тоа да го направи во судска постапка, пренесува „Спутник“.

Канада е првата земја од Групата 7 која презема вакви мерки, се наведува во соопштението и се додава дека конфискуваните средства ќе бидат искористени за „обновување на Украина“ и „обесштетување на жртвите“.

Слични содржини