ДРАМА ВО АВИОН поради силни турбуленции: Повредени 12 лица

од Nikola Popovski

Дванаесет патници се повредени за време на турбуленциите на летот од Доха за Даблин, пишува британски „Independent“. Аеродромот во Даблин објави, пишува „The Independent“, дека шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди за време на летот на авионот на „Катар ервејс“, кој безбедно слетал нешто пред 13 часот во неделата.

„По слетувањето, на авионот присуствуваа служби за итни случаи, вклучително и аеродромска полиција и нашата противпожарна и спасувачка служба поради 6 патници и 6 членови на екипажот кои пријавија повреди откако авионот доживеа турбуленции над небото на Турција “, се наведува во соопштението на „X“ на официјалниот профил на аеродромот.

„Тимот на аеродромот во Даблин продолжува да обезбедува целосна помош за патниците и персоналот на авиокомпанијата“, се додава во соопштението.

Последниот инцидент, пишува „Independent“, се случува неколку дена откако Британец почина на лет од Лондон до Сингапур за време на исклучително турбулентен лет.

Џефри Кичен, од местото Торнбери во близина на англискиот град Бристол, починал од срцев удар, се наведува.

Слични содржини