Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти Воениот кабинет

од Илинка Илиоска
245 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти Воениот кабинет формиран на 11 октомври минатата година за да управува со операциите против милитантните групи Хамас и Хезболах, објавија денеска израелските медиуми.

Нетанјаху синоќа му соопшти на Кабинетот за безбедност дека официјално го распуштил Воениот кабинет. Распуштањето на воениот кабинет се очекуваше откако министерот за национална безбедност Бен Гвир лобирал да биде во тоа тело, пишува „Тајмс оф Израел“.

Се очекува Нетанјаху да донесе критични одлуки во војната за време на краткиот состанок без Бен Гвир барајќи одобрение од безбедносниот кабинет.

Лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц, поднесе оставка на функцијата министер во Воениот кабинет претходно оваа недела откако Нетанјаху не го исполни неговото барање да претстави јасна стратегија за Појасот Газа по крајот на војната.

Слични содржини