Повторно во елитата: Саутемптон се враќа во Премиер лигата преку „најскапиот натпревар“

од Nikola Popovski
646 прегледи

Фудбалерите на Саутемптон успеаја да се вратат во Премиер лигата.

Тие денеска на Вембли, во финалето од плеј-офот на Чемпионшипот го победија Лидс со минимален резултат 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Адам Армстронг во 24. минута и донесе големо славје на своите навивачи, но и огромна сума на пари за клубот, бидејќи тимот што ќе се пласира во Премиер лигата е предвидено да добие премија од 200.000.000 евра.

Финалето е познато како „најскапиот натпревар во светот“ поради големите пари што победникот ги добива од наградите и ТВ правата за преносите како дел од најквалитетната англиска фудбалска лига.

Колку за потсетување, Лестер и Ипсвич веќе изборија директен пласман во Премиер лигата, додека од неа испаднаа Лутон, Барнли и Шефилд Јунајтед.

Слични содржини