Познатиот актер Куба Гудинг Џуниор се изјасни за виновен по една прекршочна точка за насилно допирање, речиси три години откако беше уапсен.
Гудинг беше на судење под обвинение за сексуално допирање на три жени во ресторани и ноќни клубови на Менхетен во 2018 и 2019 година.
Тој беше уапсен во јуни 2019 година, откако 29-годишна девојка го пријавила во полиција, тврдејќи дека без нејзина согласност ја допирал по градите.
После тоа почнаа да се трупаат тужби против него, а десетици жени тврдеа дека доживеале слични непријатности од оскаровецот.
Признанието за вина на Гудинг се однесува на инцидентот од 2018 година во ноќниот клуб „LAVO“, каде што наводно насилно допрел жена на непримерен начин, а актерот на судијата му рекол дека во тој момент ја бакнал келнерката.
Неговите адвокати тврдеа дека обвинителите биле премногу под влијание на движењето „Me too“ и дека затоа се обиделе вообичаените гестови или недоразбирања да ги претстават како кривично дело, а обвинителите сакале да повикаат други сведоци, односно жени кои тврдат дека Гудинг насилно ги допирал, пренесува „The New Times“.
Досега случајот неколку пати беше одложуван, а неговите адвокати постојано бараа да се намали или отфрли обвинението против него.
За потсетување, Куба Гудинг Јуниор уште во 2013 година беше обвинет за силување жена во Њујорк.