Две третини од жителите на Киев кои го напуштија градот по почетокот на војната со Русија веќе се вратија во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
„Тие се враќаат секој ден, и покрај препораките. Но, не можеме да забраниме, можеме само да препорачаме“, рече Кличко, пренесе UNIAN.
Тој додаде дека се уште не вреди да се врати во градот, бидејќи јавниот превоз не работи, а на пунктовите се вршат проверки.