Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, беше горд на своите соиграчи и покрај тоа што беа елиминирани од Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ беа блиску до испраќање на натпреварот во продолжение, но промашија неколку шанси во последните минути.
„Горд сум на целиот тим. Немаме за што да жалиме. Ја гледате реакцијата на публиката, тоа кажува се. Навивачите не поддржуваа до последен можен момент. Без разлика дали ќе победиме или ќе загубиме, важно е симпатизерите да се тука со нас“, рече Коке.
„Топката едноставно не сакаше да влезе во мрежата. Мора да му честитаме на противникот, но мислам дека ја заслуживме победата. Лежеа на теренот и го одложуваа времето. Не знам што се случи на крајот. Бев на клупата и гледав во другиот агол кога дојде до турканицата. Такви работи се случуваат во фудбалот“, додаде шпанскиот репрезентативец.