Пеп: Со играта од второто полувреме немаме шанси против Реал

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Манчестер Сити го елиминира Атлетико Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но по паузата беше „потпрен на ѕидот“ и Пеп Гвардиола призна дека неговиот тим бил надигран. Ремито без голови беше доволно за „граѓаните“ да продолжат во следната рунда каде го чека Реал Мадрид.

„Атлетико е шампион на Шпанија. Играа многу енергично, а во вториот дел дефинитивно беа подобри од нас и имавме среќа што не примивме гол. Пред паузата пропуштивме неколку позиции. Генерално, нашиот пласман во полуфиналето е заслужен“, сподели Гвардиола.

„Сите тимови кои му гостуваат на Атлетико страдаат. Сепак, го направивме тоа. Немавме многу време да се подготвиме по мечот со Ливерпул. Беше навистина многу тешко, но издржавме“, нагласи каталонскиот стручњак.

„Реал е кралот на овој турнир, а ние само трет пат сме во полуфинале. Ако играме како во второто полувреме денеска, немаме никакви шанси. Мора да го повториме настапот од првиот меч со Атлетико. Имаме многу повреди и не знам што ќе се случи следната недела, но сега сме среќни што стигнавме до полуфинале“, додаде Гвардиола.

Слични содржини