Конгресната библиотека додаде 25 записи во својот Национален регистар на музички записи, вклучувајќи ги деби албумите на Ву-Танг Клан и Алиша Кис, латино поп-хитот на Рики Мартин „Livin’ La Vida Loca“ и „Bohemian Rhapsody“ на „Queen“.
Најстарата федерална културна институција во САД вчера ги објави 25-те песни, албуми, историски записи, па дури и подкасти кои ќе бидат зачувани како важен придонес за американската култура и историја.
Албумот на Алиша Кис „Songs In A Minor“ од 2001 година ја претстави младата њујоршка пејачка и нејзиниот уникатен спој на џез, ритам и блуз и хип-хоп и ѝ донесе пет Греми награди. Со песни како „Fallin“, албумот е седум пати сертифициран како мултиплатинум од страна на Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA).
Бендот Ву-Танг Клан од Стејтен Ајленд го издаде својот влијателен деби албум „Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“ во 1993 година. Албумот комбинира хардкор рап од источниот брег со сцени и примероци од кунг фу филмови.
Другите албуми, вклучени во регистарот, се „Canciones de Mi Padre“ на Линда Ронстад – музичка почит на нејзините мексиканско-американски корени, „Nick of Time“ на Бони Рајт добитник на Греми, „The Low End Theory“ од „A Tribe Called Quest“ и истоименото деби на кубанскиот музички ансамбл „Buena Vista Social Club“, кој инспирираше филм со исто име.
Други песни кои веќе се во регистарот ги вклучуваат „Don’t Stop Believin“ од „Jorney“, „Walking the Floor Over You“ од Ернест Таб, „Moon River“ од Енди Вилијамс и „Reach Out, I’ll Be There“ на „Four Tops“.
Песната „Four Tops“ е напишана од триото Брајан и Еди Холанд и Ламонт Даузер и стана хит во 1966 година, со неговиот неортодоксен аранжман и упорниот оперски вокал од Леви Стабс. Последниот жив член на бендот, Абдул „Војводата“ Факир, рече дека му е чест што нивната песна е вклучена во регистарот.
„Кога ја снимивме „I’ll Be There“, морам да признаам (за прв пат), мислевме на песната како експеримент за албумот“, рече Факир во изјава. „Никогаш не верувавме дека таа ќе биде на албумот, а уште помалку дека ќе биде зачувана во Конгресната библиотека засекогаш. Посакувам Леви, Оби (Бенсон) и Лоренс (Пејтон) да беа овде со мене денес. за да можеме заедно да го прославиме ова неверојатно признание“, додаде тој.
Други записи додадени во регистарот вклучуваат емитувања на WNYC на 11 септември 2001 година и интервјуто на Марк Марон со Робин Вилијамс во неговиот подкаст „WTF“ со Марк Марон.