Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.
„Пред се, ни треба ембарго на нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од целата руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машина“, рече Зеленски, пренесе „Гардијан“.
Претседателот на Украина додаде дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“.