Бугарскиот премиер в сабота ќе ја посети Битола

од Берта Китинска
191 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, в сабота, на 16 април ќе ја посетат Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава.
Средба на премиерот Димитар Ковачевски или некој владин претставник со бугарската делегација, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска информираше дека се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК Битола што ќе ги поврзува Битола со Елбасан.

– Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија – изјави Османи, одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во МНР.

Слични содржини