174
Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“, пишува на својот Фејсбук профил, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
-Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна.Општина Центар ќе свика и кризен штаб за да се применат неопходните мерки и да се утврдат околностите под кои е настанат пожарот, пишува Герасимовски.