176
„Ер Франс“ претстави нова стратегија за намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) и најави дека ќе инвестира една милијарда евра годишно во обновување на возниот парк до 2025 година.
Клучните цели на стратегијата на „Ер Франс“ се 30 отсто помали емисии на CO2 по патник по поминат километар до 2030 година во споредба со 2019 година, односно 12 отсто помали емисии на CO2 во апсолутна вредност, како и нула емисии на CO2 до 2050 година, соопшти авио-компанијата
Парискиот договор за климатски промени постави за цел зголемувањето на глобалната просечна температура да се задржи под два Целзиусови степени, потсетува „Ер Франс“.