Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека обидите на западните земји да ги исфрлат руските добавувачи на енергија од пазарот неизбежно ќе влијаат на целата глобална економија.
„Руските енергетски компании се одговорни учесници на светскиот пазар, тие се афирмираа со својата повеќедецениска работа и строго исполнување на обврските“, изјави шефот на руската држава на состанокот за состојбите во нафтената и гасната индустрија, пренесе ТАСС .
„Обидите на западните земји да ги истиснат руските добавувачи, да ги заменат нашите енергетски ресурси со испораки на алтернативни добавувачи, неизбежно ќе влијаат на целата светска економија“, рече Путин.