Зеленски: Преживеавме 50 дена, а ни даваа пет

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека украинскиот народ треба да биде горд што, како што наведе, „преживеал 50 дена под рускиот напад“ и ја донел „најважната одлука – да се бори“.

Зеленски во видео-обраќање рече дека Украинците треба да бидат горди што „преживеале 50 дена под рускиот напад“ кога Русија, како што наведе, „им даде најмногу пет“, пренесе АП.

Тој додаде дека во тоа време дури и пријателски светски лидери му предложиле да ја напушти Украина, но дека, како што наведе, „не знаеле колку се храбри Украинците, колку ја ценат слободата и можноста да живеат како што сакаат“.