310
Ерменија почна да плаќа руски гас во рубљи, соопшти денеска министерот за економија Вахан Керобјан.
Според неговата проценка, потребно е да се премине на националните валути, пренесува весникот „Известија“.
„Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но по соодветен курс“, рече ерменскиот министер во интервју за ТВ РБЦ.