Кина: Војската ќе спречи надворешно мешање околу Тајван

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Кинеската Народноослободителна армија (КНА) ќе преземе решителни мерки за да спречи надворешно мешање околу Тајван и ќе ги спречи сите обиди за сепаратизам, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

„КНА е подготвена за битка и ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го задуши секој обид за надворешно мешање и планови за одвојување на таканаречениот независен Тајван“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан во соопштение.

Тој посочи дека вчерашната посета на американски конгресмени на Тајван сериозно ја поткопува политичката основа на кинеско-американските односи и дополнително ги зголемува тензиите во Тајванското Море.

Слични содржини