617
Денеска пред Кривичниот суд во Скопје се одржа мирен протест против пресудата за возачот кој ја прегази 24-годишната Викторија кај Сити мол.
„Денес бараме повторно и повторно правда за неправедната пресуда, за целата неправда која ни беше нанесена и сè уште се нанесува. Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство и оваа неправда која не боли до коска“,рече сестрата на Викторија.
„Палата на неправда“, „Правда за Викторија“, „Убијци возачи, судии без совест“, „Стоп за сообраќајно насилство“. „Три години за убиство на пешачки, три години за 150 ќебапчиња“ , беа дел од испишаните транспаренти на денешниот протест.