331
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека војната можела да се спречи доколку Германија претходно го сменила ставот, обвинувајќи го Берлин дека досега се гледал низ „руски очила“.
Во интервју за германскиот јавен сервис АРД, Кулеба рече дека Украина ја забележала промената на позицијата на Германија и дека неодамнешниот германски курс кон Русија пропаднал.
„Меѓутоа, ако Германија го сменеше својот став порано, ќе можевме да ја спречиме војната“, рече тој.