С. Македонија прогласи уште 6 руски дипломати за „persona non grata“

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, на кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, соопштија од МНР.

Слични содржини