Руското Министерство за надворешни работи нареди 18 дипломати на Европската унија да ја напуштат земјата, јавува Ројтерс.
Новинската агенција вели дека ваквата реципрочна мерка следи откако ЕУ прогласи 19 руски дипломати за персона нон грата за „учество во активности спротивни на нивниот дипломатски статус“ и им нареди да ја напуштат земјата домаќин.
-Укажавме дека ЕУ сноси одговорност за постојаното уривање на архитектурата на калливиот дијалог што се градеше со децении, а истакнавме и дека Европската унија мора строго да ги почитува одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението на руското МНР.