Финска министерка: Голема е веројатноста да се приклучиме на НАТО

од Nikola Popovski
173 прегледи

Финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во интервју за „Sky News“ изјави дека огромното мнозинство луѓе во Финска го поддржуваат членството на земјата во НАТО.

Таа рече дека одлуката не е донесена и дека за ова прашање ќе се расправа во парламентот, но дека постои голема веројатност Финска да се приклучи на Алијансата, пренесе Би-би-си.

Тупураинен истакна дека дејствијата на Русија против Украина се брутални и дека војната е отрезнувачки. Запрашана за потенцијалното членство на Финска и Шведска во НАТО, таа рече дека „секоја земја има право да организира свои безбедносни аранжмани“.

„Значи, што и да каже Русија, ние го слушаме, се разбира, но ние самите одлучуваме врз основа на нашите интереси и нашите услови, нашето разгледување на целата ситуација“, додаде министерката.

Русија соопшти дека ќе биде принудена да преземе безбедносни мерки доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО.

Заменик-министерот за надворешни работи на Кремљ, Александар Грушко, за новинската агенција Тасс изјави дека членството во НАТО ќе доведе до најнепожелни последици.

Слични содржини