136
Германскиот вицеканцелар и сојузен министер за економски прашања Роберт Хабек се изјасни против воведувањето ембарго за испорака на гас од Русија, пренесe ТАСС.
„Директното ембарго на рускиот природен гас би го загрозило социјалниот мир во Германија. Затоа мора да дејствуваме внимателно, темелно да ги подготвиме нашите потези и да се држиме до нашите планови, ако сакаме да му наштетиме на рускиот претседател Владимир Путин“, рече тој во интервју за „Функе медиенгруппе“.
Тој рече дека Германија активно работи на тоа да стане независна од фосилните горива од Русија и дека „постигнала многу добар напредок“ во намалувањето на зависноста од руските испораки на гас и јаглен.